Одземање и управување со средства стекнати со криминални дела

Сре, 28.11.2018 - 11:45
Работилница Одземање и управување со средства стекнати со криминални дела

ЕУ во изминатите две децении има поддржано многу реформи во Западен балкан. Работењето на реформите во владеењето на правото, основните права и доброто владеење остануваат клучни прашања за овие земји и голем предизвик за глобалната заедница. Со цел јакнење на регионалната безбедност и правосудните системи. ГИЗ(со мандат даден од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој) и италјанското министерство за внатрешни работи со потпишан договор со ЕК го спроведуваат проектот ИПА 2017. Овој проект обезбедува постојана помош за истраги и кривично гонење и значајно придонесува кон борбата против организираниот криминал.Целта на проектот е подигнување на ефективноста и соработката меѓу регионалните и националните институции во борба против сериозен и организиран криминал. Очекувани резултати од овој проект се: Зајакната соработка на земјите од Западен Балкан и меѓународните полициски и правосудни институции, зголемување на бројот на заеднички истражни тимовии зголемување на бројот на релевантни истраги што водат до кривично гонење.

Управата за финансиска полиција на 28-29.11.2018 беше домаќин на работилница за „Одземање и управување со средства стекнати со криминални дела“. Истата беше организирана во соработка со ОБСЕ и ГИЗ. На работилницата воведни обраќања имаше Директорот на Управата, г-динот Арафат Муареми.

Во сесиите од страна на експертите Џил Томас и Деси Гоцкова беа презентирани главните наоди и препораки од Сеопфатниот извештај за процена на вратени средства. Експертот Кенан Капо на сесијата БАМИН (Балканска меѓу-агенциска мрежа за управување со одземен имот) презентираше процедури за превземање и управување со имот доверен на Агенцијата,Управување со стопански субјекти/деловни удели,преземање и управување со имот со акцент на моторни возила-забележани проблеми во пракса и соработка со агенциите за спроведување на законот. По презентацијата институциите учесници остварија панел дискусии,студии на случаи, и разменија искуства и практики. Работилниците од ваков тип се одлична можност за проширување на соработката, детектирање на недостатоците на законодавството кои се клучни за подобрување на целокупната безбедност. Управата за финансиска полиција се заблагодарува на организаторите, модераторите и сите институции кои земаа учество во оваа работилница.


 
 

Категорија