Извештај за работата на Управата за финансиска полиција за 2018 година

Пет, 04.01.2019 - 13:57
Извештај за работата на Управата за финансиска полиција за 2018 година

Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција во поглед на реализираните мерки и активности во текот 2018 година до надлежните Јавни обвинителства поднесе 74 кривични пријави против 68 правни лица и 163 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 3.018.354.504 денари или 48.919.846 ЕУР.

За Злоупотреба на службена положба и овластување поднесени се 23 кривични пријави против 3 правни лица и 73 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 2.762.907.968 денари. За Даночно затајување поднесени се 43 кривични пријави против 62 правни лица и 79 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 221.731.159 денари. За други кривични дела поднесени се 8 кривични пријави против 3 правни лица и 11 физички лица со кои е нанесена штета во износ од 33.715.377 денари.

Бројот на поднесени кривични пријави за 2018 година во однос на претходната година е зголемен за 51 процент, а во споредба со 2016 година бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за 80 проценти.

 

 

 

 

Извештај за работата на Управата за финансиска полиција за 2018 година