Директорот Арафат Муареми во работна посета на Guardia di Finanza, Република Италија

Пет, 12.04.2019 - 13:56
Директорот Арафат Муареми во работна посета на Guardia di Finanza, Република Италија

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, во придружба на уште двајца претставници од Управата, во периодот од 07-11 Април оствари работна посета на Guardia di Finanza во Република Италија.

При првиот ден од посетата, Директорот оствари средба со Генералниот командант на Guardia di Finanza и неговиот менаџерски тим во седиштето на Guardia di Finanza во Рим.

За време на состанокот беа дискутирани теми од заеднички интерес, со посебен акцент на потребата од продлабочување на заедничката соработка во делот на сузбивање на економскиот и финансискиот криминал, кој предизвикува штета на Буџетот на двете земји, како и на Буџетот на Европската заедница.

Директорот Муареми и Генералот C.A Giorgio Toschi изразија задоволство од досегашната континуираната и плодна соработка помеѓу двете институции. Воедно, заеднички беше укажано на можностите за натамошно интензивирање на соработката во повеќе области од взаемен интерес, особено во областа на финансиските истраги со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и Guardia di Finanza.

Во текот работната посета, директорот Муареми оствари средби и со претставници од Специјалната единица за борба против корупција, Специјалната единица за анализа на приходи, Специјалната единица за борба против перење пари како и Специјалната единица за борба против организиран криминал. На работните состаноци беа презентирани истражни техники, софтверски решенија, алатки како и најдобрите практики при водењето на финансиските истраги кои ги користат специјалните единици на Guardia di Finanza.