Соопштение за јавноста

Чет, 15.10.2020 - 14:15
Управа за финансиска полиција панел

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Х.Ч во својство на управител и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект "КАМАЦО-И" ДООЕЛ с.Љубош, Батинци Студеничани

 

Пријавениот Х. Ч.во својство на управител и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект "КАМАЦО-И" ДООЕЛ с.Љубош, Батинци Студеничани во периодот од 01.01.2015 до 31.12.2019 година свесно и со намера се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 9.286.244 денари, на начин што подигнал парични средства во готово од благајната на правниот субјект на име материјални трошоци, вршел трансфер на парични средства на платежна картичка отворена на име на друштвото за набавка на добра и услуги и подигнал парични средства во готово од АТМ апарати (банкомати), при што паричните средства пријавениот Х. Ч. ги присвоил лично за себе без да достави документација во сметководството за економската оправданост, со што се потврдува фактот дека истите не ги користел во функција на дејноста на правниот субјект. На тој начин пријавениот Х.Ч. не пресметал и не уплатил Персонален данок од доход по пресметковна стапка од 11.11% во износ од 454.852 денари и за период од 2018 и 2019 година на даночна основица од 5.192.162 денари пријавениот Х. Ч.не пресметал и не уплатил Данок на личен доход по пресметковна стапка од 11.11% во износ од 576.849 денари, односно, вкупно затаил данок во износ од 1.031.701 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.