Соопштение за јавноста

Чет, 15.10.2020 - 14:41
Управа за финансиска полиција панел

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Ж.А управител и сопственик на Друштвото за внатрешен и надворешен промет МАЛЕШ ПРОДУКТ ДООЕЛ Делчево и против правното лице Друштвото за внатрешен и надворешен промет МАЛЕШ ПРОДУКТ ДООЕЛ Делчево

 

 Пријавениот Ж. А. , во својство на управител и сопственик на пријавеното Друштво за внатрешен и надворешен промет МАЛЕШ ПРОДУКТ ДООЕЛ Делчево, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект, спротивно на член 363 од Законот за облигациони односи, во даночниот биланс за 2015 година поднесен до Управата за јавни приходи во име на пријавеното правно лице, не пријавил Приходи од застарени Обврски по основ на фактури, аванси и позајмици постари од 3 години, во вкупен износ од 30.178.740,00 денари, со што пријавениот Ж. А.  не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на добивка по даночна стапка од 10% во вкупен износ од 3.017.874,00 денари, за кој износ пријавените го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија.