Соопштение за јавноста

Сре, 14.10.2020 - 16:12
Управа за финансиска полиција панел

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против Д.Б во својство на управител на правен субјект Динекс Дооел Охрид и против правниот субјект Динекс Дооел Охрид

 

Пријавениот  Д.Б во својство на  управител на  правниот субјект  во периодот од 01.01.2016 година до денес, неосновано  ја присвоил и не ја евидентирал во своето сметководство како кусок - залихата на трговски стоки во износ од 5.395.023 денари, не ги прикажал како приходи застарените обврски кон добавувачи во износ од 3.069.168 денари, а со намера да ги прикрие инкриминираните активности, во име на пријавениот правен субјект не изготвил и не поднел Завршни сметки за 2016, 2017, 2018 и 2019 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија, при што пријавениот Д. Б. не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на додадена вредност во износ од 971.104 денари и Данок на добивка во износ од 846.419 денари, по основ на кусоци на трговски стоки и неприкажани приходи по основ на застарени обврски кон добавувачи или се вкупно 1.817.523 денари, со што пријавените оствариле противправна имотна корист и сториле кривично дело ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ член 279 став 2 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.