Соопштение за јавноста

Пон, 19.10.2020 - 18:08
Соопштение за јавноста

Управата  за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Х.И.Д. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за консалтинг, услуги и трговија  КОНДОР КОНСАЛТИНГ ДОOЕЛ експорт-импорт Гевгелија, и против правниот субјект Друштво за консалтинг, услуги и трговија  КОНДОР КОНСАЛТИНГ ДОOЕЛ експорт-импорт Гевгелија

 Првопријавениот Х.И.Д. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за консалтинг, услуги и трговија  КОНДОР КОНСАЛТИНГ ДОOЕЛ експорт-импорт Гевгелија, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и правното лице Друштво за консалтинг, услуги и трговија КОНДОР КОНСАЛТИНГ ДОOЕЛ експорт-импорт Гевгелија во текот на 2016 година, набавената трговска стока евидентирана на залиха во вредност од 2.927.721 денари во завршната сметка од 2015 година неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во своето сметководство како кусок, при што не пресметал и не платил Данок на додадена вредност во износ од  526.989 денари  и Данок на добивка во износ од 292.772 денари.

Првопријавениот во 2016 година не ги прикажал како приходи ненаплатените и застарените обрски во износ од 744.458 денари прикажани во завршната сметка од 2015 година со што затаил Данок на добивка по пресметковна стапка од 10% во износ од 74.445 денари, како и не изготвил и не доставил Завршни сметки за 2016, 2017 и 2018 година до Управата за јавни приходи и до Централен регистар, односно вкупно затаил ДДВ и Данок на добивка во вкупен износ од 894.206 денари за кој износ пријавениот го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.