Соопштение за јавноста

Чет, 29.10.2020 - 17:30
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе  кривична пријава против :

Л. Д. во својство на  директор на Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност

З. З. во својство на  управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје;

А. Г., во својство на   надворешен соработник во Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност;

А. П. во својство на  благајник во Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност

Поради постоење на основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 став 5 вв став 1 и став 3 вв со член 45 од Кривичниот законик и кривично дело ИЗМАМА НА ШТЕТА НА СРЕДСТВА НА ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА од член 249-а став 1 вв со член  22  од Кривичениот законик, кривично дело СОИЗВРШИТЕЛСТВО од член 22 од Кривичен законик, и кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБА од член 353-в став 1 од Кривичениот Законик.

Пријавените Л. Д. како директор на НАЕОПМ, З. З како управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје,  А. Г. како надворешен соработник и А. П. како благајник на НАЕОПМ причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543,00 денари.