Соопштение за јавноста

Сре, 11.11.2020 - 22:08
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе Кривична пријава против

Д. Д. Управител и сосопственик на Друштвото за производство, трговија и услуги Делев-трејд ДООЕЛ Струмица до 15.04.2014 година,

Н. Д. Управител и сопственик на Друштвото за производство, трговија и услуги Делев-трејд ДООЕЛ Струмица од 25.04.2016 година како и управител на Друштвото за производство, трговија и услуги Делев ДООЕЛ Струмица од 29.01.2015 година до 13.04.2016 година,

Ј. Д. Оновач и сопственик на Друштвото за производство, трговија и услуги Делев ДООЕЛ Струмица каде била и управител до 29.01.2015 година,

Друштвото за производство, трговија и услуги ДЕЛЕВ-ТРЕЈД ДООЕЛ Струмицасо ЕМБС 5743303 и ЕДБ 4027003136671, со седиште на ул. Гоце Делчев бр.117, Струмица и

Друштвото за производство, трговија и услуги Делев ДООЕЛ Струмицасо ЕМБС5322405 и ЕДБ 4027999124399 со седиште на ул. Маршал Тито бр.134, Струмица. 

Првопријавениот Д. Д., второпријавениот Н.Д. и третопријавената Ј. Д., во текот на 2017 година со намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе и пријавените правни субјекти, набавената трговска стока евидентирана на залиха во четвртопријавеното друштво Делев-трејд ДООЕЛ Струмица и во петтопријавеното друштво Делев ДООЕЛ Струмица во вкупен износ од 38.871.346 денари неосновано ја присвоиле за себе со што се стекнале со противправна имотна корист и при тоа не пријавиле и не платиле ДДВ во вкупен износ од 1.943.567 денари како и не пресметале и не платиле Данок на добивка во износ од 3.887.136 денари.

Првопријавениот Д.Д. ги присвоил лично за себе паричните средства евидентирани во Благајната на четвртопријавеното друштво Делев-трејд ДООЕЛ Струмица и во петтопријавеното друштво Делев ДООЕЛ Струмица во износ од 3.990.640 денари, без да достави документација во сметководствената евиденција за нивната економска оправданост при што не пресметал и уплатил Персонален данок од доход во износ од 443.360,00 денари.

Второпријавениот Н. Д.и третопријавената Ј. Д, свесно и со намера во име и за сметка на четвртопријавеното друштво Делев-трејд ДООЕЛ Струмица и петтопријавеното друштво Делев ДООЕЛ Струмица, со цел да се стекнат со противправна имотна корист и да ја избегнат законски пропишаната обврска за Данок на добивка од 10% на отпишани побарувања постари од 3 (три) години кои во двете пријавени друштва се во вкупен износ од 116.475.848 денари како и застарените обврски кои се постари од 3 (три) години, а кои ги имало петтопријавеното друштво Делев ДООЕЛ Струмица кон своите добавувачи во вкупен износ од 88.732.406,00 денари, не ги прикажале како приходи од застарени обврски постари од 3 (три) години, при што со намера да се стекнат со противправна имотна корист и да ја избегнат законски пропишаната обврска за Данок на добивка од 10% на отпишани побарувања и обврски постари од 3 (три) години за 2019 година, второпријавениот Н. Д и третопријавената Ј. Д. до Централен Регистар поднеле изјави за немање деловни активности на четвртопријавеното друштво Делев-трејд ДООЕЛ Струмица и петтопријавеното друштво Делев ДООЕЛ Струмица за 2019 година, и при тоа не направиле отпис и оприходување на побарувањата од купувачи кои се постари од 3 (три) години како и не ги прикажале како приходи од застарени обврски постари од 3 (три) години обврските кон добавувачите во вкупен износ од 205.208.254 денари, за кој износ пријавените не пресметале, не пријавиле и не платиле Данок на Добивка во износ од 20.520.825 денари на штета на Буџетот.

Со горенаведените инкриминирани дејствија пријавените Д. Д., Н. Д, Ј. Д, ДЕЛЕВ-ТРЕЈД ДООЕЛ Струмица и ДЕЛЕВ ДООЕЛ Струмица се стекнале со противправна имотна корист од затаени парични средства на име даноци во вкупен износ од 26.794.888,00 денари за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија.