Соопштение за јавноста

Пет, 16.10.2020 - 10:59
Управа за финансиска полиција панел

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В. И,  управител на правниот субјект Друштво за трговија, угостителство и туризам АДРИАТИК Бранко ДООЕЛ експорт – импорт Скопје, и против правното лице Друштво за трговија, угостителство и туризам АДРИАТИК Бранко ДООЕЛ експорт – импорт Скопје.

Првопријавената В.И. во својство на управител на Друштво за трговија, угостителство и туризам АДРИАТИК Бранко ДООЕЛ експорт – импорт  Скопје, во текот на 2016 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговска стока евидентирана на залиха во вредност од 2.562.599 денари  неосновано  ја присвоила и не ја евидентирала во своето сметководство како кусок, при што не пресметала, не пријавила и не уплатила Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 18% во износ од 461.268 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10% во износ од 302.387 денари, и не ги прикажала како приходи застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 8.472.992 денари, при што не пресметала, не пријавила и не уплатила Данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 847.299 денари по основ на неоданочени застарени обврски кон добавувачи кои не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект, а со намера да ги прикрие инкриминираните активности не изготвила и не поднелa Завршни сметки за 2016, 2017, 2018 и 2019 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија.
 
Првопријавената В. И. не пресметала, не пријавила и не ги уплатила законските даночни обврски во вкупен износ од 1.610.954 денари, за кој износ го оштетилa Буџетот на Република Северна Македонија.