Јули 2018

Кривична пријава во Агенција за катастар на недвижности

Пет, 20.07.2018 - 11:55
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата М.С, И.С, и И.Л вработени во Агенцијата за катастар на недвижности и против лицето Д.Н во својство на службено лице - овластен геодет поради постоење на основано сомненине за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в став 1 в.в ст 3 и ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА од член 361 став 1 од Кривичниот Законик.

Директорот на Управата - Арафат Муареми за неделниот весник ФОКУС

Пет, 13.07.2018 - 11:45
Во интервјуто за неделниот весник Фокус, директорот на Управа за финансиска полиција, Арафат Муареми говореше за почетоците на својата кариера, искуството во СЈО, поднесените кривични пријави, цврстата решителност пријавените лица да одговараат за сторените кривични дела, своите амбиции и планови за иднина.

Присуство на конференција

Нед, 08.07.2018 - 11:55
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на конференцијата по повод завршувањето на проектот "Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупција во Република Македонија", кој е финансиран од Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош (IPA) – TAIB 2012 реализиран во изминатиот период во Република Македонија.

Кривична пријава за ексградоначалник на Општина Центар

Сре, 04.07.2018 - 11:59
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против лицата В.Т. поранешен Градоначалник на Општина Центар, М.Т. поранешен Секретар во Општина Центар и Д.Р. вработен во Сектор за уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина во Општина Центар

Покана за прес конференција - Скопје 2014

Вто, 03.07.2018 - 12:05
Управата за финансиска полиција ги поканува преставниците на медиумите  на прес конференција што ќе се оддржи на 04.07.2018 г во 12 часот во просториите на Управата. Темата на пресот ќе биде еден од случаите на "Проект Скопје 2014" а на истиот свое обраќање ќе има Директорот Арафат Муареми.