Соопштение за јавноста

Сре, 14.10.2020 - 16:18
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција до Основното Јавно Обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Л.С

 

Пријавената Л. С во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година, на личната трансакциска сметка во СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје, во три наврати примила парични средства од правното лице ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК ДООЕЛ Скопје во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен Договор за уредување на меѓусебни односи помеѓу пријавената Л. С. со правното лице ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК ДООЕЛ Скопје и лицата Е.Н и Д. Н., за изготвување на „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“, а истата со намера да се стекне со противправна имотна корист паричните средства кои ги примила и ги подигнала во целост во готово, не ги пријавила како остварен приход во Годишната даночна пријава за 2017 година во Управата за јавни приходи, при што не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход по пресметковна даночна стапка од 11.11% во висина од 1.788.398 денари, за кој износ го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија