Работилница

Одземање и управување со средства стекнати со криминални дела

Сре, 28.11.2018 - 11:45
Управата за финансиска полиција на 28-29.11.2018 беше домаќин на работилница за „Одземање и управување со средства стекнати со криминални дела“. Истата беше организирана во соработка со ОБСЕ и ГИЗ. ЕУ во изминатите две децении има поддржано многу реформи во Западен Балкан. Работењето на реформите во владеењето на правото, основните права и доброто владеење остануваат клучни прашања за овие земји и голем предизвик за глобалната заедница.