Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3, Скопје • +389 2 3231 578
Република Северна Македонија
Министерство за финансии

Управа за финансиска полиција

Пријави кривично дело

Пријави кривично дело

Почитувани граѓани,

Доколку имате информации или сомневања за кривично дело во надлежност на Управата за финансиска полиција, ве охрабруваме да го пријавите. Вашата пријава придонесува за поголема транспарентност, правичност и заштита на јавните финансии.

Управата за финансиска полиција, како орган во состав на Министерството за финансии, е посветена на заштита на финансиските интереси на државата, како и на средствата обезбедени од Европската унија. Истовремено, ве потсетуваме дека пријавувањето треба да биде совесно и одговорно, бидејќи лажно пријавување е казниво согласно Кривичниот закон на Република Северна Македонија.