Правна регулатива

Учествуваме во регулацијата на правните рамки во борба против секакви финансиски криминални дела и активности

Проекти

Организирано учествуваме во реализација на низа проекти кои битно ќе влијаат на целокупната организација и успех во работата

Соработка со институции

Поврзаноста со други институции ни овозможува да остваруваме подобро и брзо функционирање

Управата за финансиска полиција активно e вклучена во големата акција за проверка на работата на кабареaта, дискотеките и ноќните клубови

Пет, 21.03.2025 - 11:06
Управата за финансиска полиција активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности. На располагање се ставени сите капацитети на Управата за финансиска полиција за потребите на оваа акција, која има за цел да открие евентуални неправилности и нелегални активности во работењето на овие објекти.

Меѓународна сертификација на центарот за обука

Чет, 13.03.2025 - 14:44
Директорот на Управата за финансиска полиција присуствуваше на свеченото предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (IADLEST), која ја врачи амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер. Ова признание е значаен чекор во унапредувањето на стандардите за полициска обука, со што се овозможува постојан професионален развој и усовршување на припадниците на полицијата. Инвестицијата во едукација е инвестиција во посигурна иднина, а поддршката од нашите меѓународни партнери е клучна за градење на модерен и ефикасен безбедносен систем.

Поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово против едно физичко и четири правни лица поради основи за сомнение за сторено кривично дело "Даночно затајување"

Сре, 26.02.2025 - 09:20
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово  поднесе кривична пријава против Б.Ф. во својство на сопственик и управител и против четири правни лица поради основи на сомнение за сторено кривично дело  “Даночно затајување” од член 279 ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ на РСМ. Првопријавениот Б. Ф. во својство на сопственик и управител на второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, управител на третопријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, сопственик и управител на  четвртопријавеното правно лице Друштво за транспорт, трговија и услуги Про Тире ДООЕЛ експорт-импорт Тетово и сопственик и управител на петтопријавеното правно лице Друштво за трговија и услуги РАЕН ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, во период од 2013 до 2023 година, извршил серија на истородни противправни дејствија со цел намалување на даночната основа за пресметка и плаќање на данокот на добивка, со кои дејствија го сторил кривичното дело “Даночно затајување” од член 279 ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ на РСМ, на начин што

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и Комисијата за заштита на конкуренција

Пон, 24.02.2025 - 15:38
Директорот Слободан Ивановски и претседателката Малинка Сиљаноска Николиќ потпишаа меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и Комисијата за заштита на конкуренцијата .Со потпишувањето на овој меморандум ќе се создадат услови за зголемување на ефикасноста во остварувањето на надлежностите на двете институции. Оваа соработка значително ќе придонесе за спречување на нарушување на конкуренцијата и наметнување на нефер трговски практики кои отстапуваат од доброто трговско однесување во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи. Посветено ќе се продолжи со остварување на приоритетите, соработката со институциите и заемно помагање во ефикасното остварување на надлежностите.

Обраќање на Директорот Слободан Ивановски на "Антикорупцискиот караван"

Чет, 20.02.2025 - 15:10
Во организација на МЦМС се одржа Антикорупциски караван во Битола и Прилеп чија цел е заедно со граѓаните да се води битка и да се добијат реални резултати во борбата против корупцијата. Учесниците во Антикорупцискиот караван упатија заедничка порака дека во борбата против корупцијата треба да се настапува заеднички и со поддршка на граѓаните. На плоштадот магнолија во Битола се обрати и Слободан Ивановски, директор на Управата за финансиска полиција кој најави формирање на систем кој како што рече ќе биде имун на ургенции.

Интервју на Директорот Слободан Ивановски за Фактор

Чет, 20.02.2025 - 15:05
Слободан Ивановски, в.д. директорот на Управата за финансиска полиција, во интервјуто „Фактор“ открива дека веќе се започнати две иницијативи за проверка на потеклото на имотот на поранешни функционери, од кои еден бил доскорешен судија. Се работи на повеќе предмети, а веќе е одземена документација од ЕСМ за спроведени сомнителни јавни набавки во периодот 2021-2022, вели тој во интервјуто.

Интервју на Директорот Слободан Ивановски за Радио Слободна Европа

Чет, 20.02.2025 - 14:50
Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, беа опфатени повеќе теми меѓу кои реформирање на системот на работење на Управата за финансиска полиција, формирање на одделение за внатрешна контрола како и модернизација и дигитализација на Управата преку ДМС системот.

Кривична пријава против едно физичко лице во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.С. Македонија

Сре, 19.02.2025 - 12:30
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П. Б.  во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.С. Македонија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот Законик.

Поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластувања и несовесно работење во службата

Чет, 13.02.2025 - 13:29
Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М во својство на директор на АД ЕСМ, во државна сопственост Скопје-Подружница РЕК Битола-Новаци, Д.П во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Б.Ѓ. во својство на службено лице  во АД ЕСМ- подружница РЕК-Битола, Т.А во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, С.М. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, А.К. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Љ.С. во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело  ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ  по член 353 став 1 од КЗ. Како и против А.М.С во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки, А.У  во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки и Д.Ј. во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член  353-в  став 4 од КЗ.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Медиуми
Interpol Olaf Europol