Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски и претседателот на Управниот одбор на ИПА Македонија, Игно Стојков, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Со овој меморандум се воспоставува рамка за заедничка координација и соработка по прашања од заеднички интерес, како и активности насочени кон унапредување на положбата на вработените.
„Овој Меморандум е потврда за нашата заложба да градиме партнерства кои ќе придонесат за унапредување на меѓусебните односи и поголема афирмација на Управата за финансиска полиција и ИПА Македонија. Убеден сум дека оваа соработка ќе донесе конкретни резултати и ќе создаде посилна институционална поддршка,“ истакна директорот Ивановски.
Потпишувањето на овој Меморандум претставува чекор напред во заедничките напори за промовирање на професионалните вредности, интегритетот и меѓусебната доверба меѓу институциите, што е од суштинско значење за градење на поефикасен и современ систем на јавна безбедност.
Преку Меморандумот се создаваат услови за развој на заеднички иницијативи и активности кои ќе придонесат за поефикасно остварување на целите на двете организации.