Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3, Скопје • +389 2 3231 578
Република Северна Македонија
Министерство за финансии

Управа за финансиска полиција

Ивановски на 23. Синдикални спортски игри: Заеднички напори за подобри услови за вработените

Ивановски на 23. Синдикални спортски игри: Заеднички напори за подобри услови за вработените

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски присуствуваше на 23. Синдикални спортски игри, организирани од Македонскиот полициски синдикат во Охрид. Настанот претставува значајна можност за унапредување на синдикалниот дух, зајакнување на колегијалноста и потсетување на важноста од соработка меѓу институциите и синдикатот.

Во своето обраќање, директорот Ивановски истакна дека менаџирањето претставува двонасочен процес. „Од една страна, бараме резултати и професионализам од вработените, но од друга страна, нашата должност како менаџмент е да создадеме подобри услови за работа и подостоинствени примања. Подобрите услови и поголемите плати се дополнителен мотив за сите кои секојдневно се справуваат со предизвиците на работата во безбедносниот сектор.“

Ивановски нагласи дека улогата на синдикатот е исклучително значајна во процесот на унапредување на правата и условите за работа на вработените, додавајќи дека безбедносниот сектор поради својата ризичност мора да обезбеди одредени бенефиции и стабилност за сите негови членови.

Управата за финансиска полиција ќе продолжи активно да поддржува иницијативи и активности насочени кон подобрување на статусот на вработените, во соработка со синдикатот и сите релевантни институции.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email