Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3, Скопје • +389 2 3231 578
Република Северна Македонија
Министерство за финансии

Управа за финансиска полиција

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на 71-та Пленарна седница на MONEYVAL во Стразбур

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на 71-та Пленарна седница на MONEYVAL во Стразбур

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, заедно со државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска и директорот на Управата за финансиско разузнавање Кујтим Ибиши, учествува како дел од делегацијата на Република Македонија на 71-та Пленарна седница на Комитетот на експерти за евалуација на мерките против перење пари и финансирање тероризам – MONEYVAL, која се одржува во Стразбур, во организација на Советот на Европа.

Унапредувањето на меѓународните стандарди во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам е во фокусот на оваа пленарна седница, на која македонската делегација активно учествува во работата заедно со претставници од земјите членки.

Седницата претставува значајна платформа за зајакнување на меѓународната соработка и усогласување со препораките на Financial Action Task Force (FATF), преку добри практики во областа.

Во рамки на седницата се разгледуваат извештаи за повеќе земји, како и прашања поврзани со процесите на евалуација и следење, со цел унапредување на системите за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Учество на директорот Ивановски е од особена важност за Управата за финансиска полиција, имајќи предвид дека директно придонесува за унапредување на меѓународната соработка и јакнење на институционалните капацитети во борбата против финансискиот криминал.

Членството во MONEYVAL претставува важен механизам за унапредување на националните политики, јакнење на институционалните капацитети и заштита на стабилноста на финансискиот систем, преку примена на меѓународно усогласени стандарди и практики.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email