Врз основа на член 37, 38 и 39 од Законот за финансиската полиција (“Службен Весник на Република Македонија” бр.12/14, 43/14, 33/15, 27/16, 83/18 и 198/18 и “Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.17/25), член 22 и 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија број 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25) и член 19 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.253/25) Комисијата за спроведување на постапка за вработување при Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција, објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С БР.01/2026
за вработување во Управата за финансиска полиција
Управата за финансиска полиција има потреба од вработување на неопределено време со полно работно време на 6 (шест) извршители – Финансиски полицајци, за следните работни места:
- Самостоен инспектор за прибирање и анализа на податоци, на ниво Б1, шифра ФИН 02 08 Б01 001, два (2) извршители со основна плата во нето износ од 45.820,00 денари,
- Виш Инспектор за прибирање и анализа на податоци, на ниво Б2, шифра ФИН 02 08 Б02 001, два (2) извршители со основна плата во нето износ од 42.609,00 денари,
- Инспектор за прибирање и анализа на податоци, на ниво Б3, шифра ФИН 02 08 Б03 001, два (2) извршители со основна плата во нето износ од 37.929,00 денари,
Oпшти услови
– државјанин на Република Северна Македонија, психофизички здраво (способно лице) и со предиспозиции за вршење на работите на финансиски полицаец, ниво на квалификации VI А според Националната рамка на високо-образовните квалификации, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правни науки, економски науки или безбедност, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и најмалку 3 години работно искуство.
Посебни услови
– со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на лицето.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
– уверение за државјанство на РСМ, лична биографија (CV) не поголема од 5 страни со задолжително наведен контакт телефон и адреса, мотивационо писмо од најмногу 500 зборови, диплома или уверение за завршено образование со просек за успех, доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), доказ за познавање на бараните компјутерски вештини и доказ за потребното работно искуство (период евидентиран во АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ како работен стаж, потврда или друг документ со кој се потврдуваат податоците евидентирани во Агенцијата за вработување).
Управата за финансиска полиција ќе изврши безбедносна проверка на избраните кандидати за финансиски полицаец пред склучување на договорот за вработување, по претходно дадена писмена согласност од страна на кандидатите. Кандидатот што ќе ја одбие безбедносната проверка ќе се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Управата.
Проверката на работните способности за вработување во Управата за финансиска полиција на избраните кандидати, ќе се изврши од страна на определена здравствена установа пред склучување на договорот за вработување, а согласно Правилникот за начинот за проверка на работните способности за вработување во Управата за финансиска полиција бр.02-28652/1 од 21.08.2014 година.
Кандидатите задолжително го наведуваат работното место за кое аплицираат.
Горенаведените документи потребно е да се достават во оригинал или копија заверена на нотар.
Пријавите со потребните документи да се достават до Архивата на Управата за финансиска полиција или преку пошта на следната адреса:
Управа за финансиска полиција
Плоштад Пресвета Богородица бр.3, кат 1, 1000 Скопје
со назнака: за “ЈАВЕН ОГЛАС БР: 01/2026”.
Рокот за доставување на потребната документација изнесува 10 (десет) работни дена, сметано од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат.
Ненавремена, нецелосна и неуредна документација, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапка за вработување во Управата за финансиска полиција.
По извршената селекција на пријавените кандидати кои доставиле уредни пријави за работното место, ќе биде спроведено интервју во просториите на Управата за финансиска полиција. Управата за финансиска полиција ќе изврши избор во рок согласно со член 39 од Законот за финансиската полиција и членот 23 од Законот за работните односи.
Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време за огласеното работно место е од 07:30 до 08:30 часот излез од 15:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок.
Лице за контакт:
Силвана Богатиновска: тел.02/ 3231 578; [email protected]
Комисија за спроведување на постапка за вработување