Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3, Скопје • +389 2 3231 578
Република Северна Македонија
Министерство за финансии

Управа за финансиска полиција

Управата за финансиска полиција со поддршка за имплементација на системот BLUEPRINT

Управата за финансиска полиција со поддршка за имплементација на системот BLUEPRINT

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, учествуваше на трибината „E-evidence со Relevance Blueprint“, организирана од Бирото за јавна безбедност, каде беше презентиран интелигентниот систем BLUEPRINT – современо дигитално решение што овозможува анализа, поврзување и управување со докази во единствен екосистем. Овој иновативен пристап претставува значаен чекор напред во насока на поголема ефикасност, транспарентност и точност при спроведувањето на истрагите и постапките за правда.

Заедно со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, Ивановски ја истакна подготвеноста и посветеноста на институциите што ги предводат во поддршката и примената на вакви современи решенија. Преку зајакната координација и технолошка поддршка, институциите ќе придонесат кон поефикасен систем во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Имплементацијата на системот BLUEPRINT ќе овозможи подигнување на стандардите во водењето истраги, посигурно прибирање докази и унапредена меѓуинституционална соработка. Ваквите иницијативи претставуваат важен чекор во зајакнување на владеењето на правото и обновување на довербата на граѓаните во институциите.

Со своето активно учество на вакви настани, Управата за финансиска полиција потврдува дека останува посветена на процесот на дигитална трансформација и воведување на иновативни практики кои ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста во работењето. Со интегрирање на нови технологии и системи како BLUEPRINT, Управата ја зацврстува својата улога како клучен фактор во унапредувањето на финансиската безбедност и интегритетот на институциите во државата.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email