Меморандум за соработка со Државно правобранителство

Нед, 28.10.2018 - 11:45
Меморандум за соработка со Државно правобранителство

На ден 28.10.2018г се оддржа средба на која беа разменети искуства и мислења, помеѓу Управата за финансиска полиција и Државното правобранителство. Оваа средба беше договорена на предходните состаноци каде беше завземен став дека е неопходно потпишување на меморандум за соработка, помеѓу овие две исклучително важни институции. Меморандумот беше потпишан од страна на Директорот на Управата за финансиска полиција, г-динот Арафат Муареми и Државниот правобранител, г-динот Фехми Стафа како застапник на Државното правобранителство. Со потпишување на овој меморандум кој е од взаемна важност, уште повеќе се зајакнува и продлабочува соработката помеѓу институциите.



 

Категорија