Правна регулатива

Учествуваме во регулацијата на правните рамки во борба против секакви финансиски криминални дела и активности

Проекти

Организирано учествуваме во реализација на низа проекти кои битно ќе влијаат на целокупната организација и успех во работата

Соработка со институции

Поврзаноста со други институции ни овозможува да остваруваме подобро и брзо функционирање

Соопштение за јавноста

Вто, 28.07.2020 - 11:52
Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против лицата И.Ѓ. во својство на Претседател, О.М. во својство на Раководител на Одделение за финансии и сметководство и Т.М. во својство на раководител на Одделот за судии и судење, сите од Фудбалската федерација на Македонија, како и Ѓ.Ч. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Масон Инжинеринг ДООЕЛ Скопје; Н.Л. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Сеф Компани ДОО Скопје; С.Т во својство на сопственик и управител на правниот субјект Усјепор ДООЕЛ Скопје; К.А, во својство на овластено лице во правниот субјект Км Емона ДООЕЛ Скопје; Е.Н. во својство на градежен инжинер во правното лице Балкан-Консалтинг ДОО Скопје; И.Т. во својство на сопственик и управител на правните субјекти  Биро Копирс Ирина ДООЕЛ Скопје и Принт Примус ДООЕЛ Скопје; И.Т. во својство на сопственик и управител на правниот субјект ТП Оли-Вети Копирс Скопје; И. П. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Идиомас ИП ДООЕЛ Скопје; Ј.Д. во својство на сопственик правниот субјект Спортико Трејд ДООЕЛ Скопје; И.Ш.  во својство на сопственик и управител на правниот субјект Борографика ДООЕЛ Скопје; С.С. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Елит Травел ДООЕЛ Скопје како и против горенаведените правни субјекти кои се стекнале со противправна имотна корист, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ по член 394 ст.1 , ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ДРУГИ ПРИНОСИ ОД КАЗНИВО ДЕЛО по член 273 ст.1, ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ по член 353 ст.2, НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член 353-в ст.2, ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА по член 354 ст.3, ИЗМАМА ВО СЛУЖБАТА по член 355 ст.1, ФАЛСИФИКУВАЊЕ ИЛИ УНИШТУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИ КНИГИ по член 280 ст.1, СОИЗВРШИТЕЛСТВО по член 22, ПОМАГАЊЕ по член 24, и ПРОДОЛЖЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО по член 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
Ознаки

Јавен оглас 01/2020 за вработување финансиски полицајци

Сре, 22.01.2020 - 09:23

Управата за финансиска полиција има потреба од вработување на неопределено време со полно работно време за 2 извршители - Финансиски полицајци

  • Објава: 22.01.2020
  • Важност: 3 работни денови

Повеќе информации и превземање на огласот: <оглас 01/2020>

Известување по јавен оглас бр.01/2019 за вработување

Пет, 04.10.2019 - 09:07
По спроведената постапка за вработување во Управата за финансиска полиција по јавен оглас бр.01/2019 објавен на ден 05.07.2019 година во дневните весници “Слободен Печат”, “Нова Македонија” и “Коха”,  донесена е Одлука за избор на кандидати

Јавен оглас 01/2019 за вработување финансиски полицајци

Пет, 05.07.2019 - 10:41
Управата за финансиска полиција има потреба од вработување на неопределено време со полно работно време за 27 извршители - Финансиски полицајци
Ознаки

Соопштение за јавноста

Сре, 26.06.2019 - 08:30
Денес 26.06.2019 година во просториите на Управата за финансиска полиција се одржа средба помеѓу директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, преставник на месната заедница на село Љуботен и дел од жителите на селото.

Одржана прес-конференција за резултатите и поднесени кривични пријави на Управата за финансиска полиција

Пет, 21.06.2019 - 17:15
На ден 21.06.2019 година, Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми одржа прес-конференција на која беа презентирани резултатите од работата на Управата за периодот од 01.01.2019 до 20.06.2019 година. На прес-конференцијата беа презентирани и три кривични пријави поднесени до Основното јавно обвинителство и Јавното обивнителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Ознаки

Прес-конференција на директорот на Управа за финансиска полиција на 21.06 во 11 часот

Пет, 21.06.2019 - 09:29
Во просториите на Управата за финансиска полиција, денес 21.06.2019 во 11.00 часот, Директорот на Управата за финансиска полиција г-динот Арафат Муареми ќе одржи прес-конференција.

Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал

Сре, 12.06.2019 - 11:58
На ден 12 Јуни 2019 година Директорот  на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на Конференцијата организирана од страна на Јавното обвинителство  на Република Северна Македонија во соработка со Проектот на ЕУ ИПА/2017- Борба против тешкиот криминал во Западен Балкан, на тема „Заедничката соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Медиуми
Interpol Olaf Europol