Работна средба на Директорот на Управата за финансиска полиција и Аташето на ИЦИТАП програмата

Пет, 09.02.2024 - 16:29
Работна средба со  , аташето на ИЦИТАП програмата, Michael T McKee

Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со, аташето на ИЦИТАП програмата, Michael T McKee. Денешната работна средба беше со цел продлабочување на веќе воспоставената плодна и трајна соработка.

На средбата се разговараше за идните проекти во кои ќе биде вклучена Управата за финансиска полиција. 
Учеството на вработените во Управата за финансиска полиција во обуките и проектите  организирани од страна на ИЦИТАП програмата се од исклучителна важност . Врз основа на размената   на искуства и знаења споделени од врвни експерти, се  збогатуваат и унапредуваат знаењата  и вештините на вработените, а се со единствена  цел поуспешна борба против организираниот криминал и корупција.
 

Галерија