Соопштенија

Јавен оглас 01/2019 за вработување финансиски полицајци

Пет, 05.07.2019 - 10:41
Управата за финансиска полиција има потреба од вработување на неопределено време со полно работно време за 27 извршители - Финансиски полицајци
Ознаки

Соопштение за јавноста

Сре, 26.06.2019 - 08:30
Денес 26.06.2019 година во просториите на Управата за финансиска полиција се одржа средба помеѓу директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, преставник на месната заедница на село Љуботен и дел од жителите на селото.

Одржана прес-конференција за резултатите и поднесени кривични пријави на Управата за финансиска полиција

Пет, 21.06.2019 - 17:15
На ден 21.06.2019 година, Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми одржа прес-конференција на која беа презентирани резултатите од работата на Управата за периодот од 01.01.2019 до 20.06.2019 година. На прес-конференцијата беа презентирани и три кривични пријави поднесени до Основното јавно обвинителство и Јавното обивнителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Ознаки

Прес-конференција на директорот на Управа за финансиска полиција на 21.06 во 11 часот

Пет, 21.06.2019 - 09:29
Во просториите на Управата за финансиска полиција, денес 21.06.2019 во 11.00 часот, Директорот на Управата за финансиска полиција г-динот Арафат Муареми ќе одржи прес-конференција.

Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал

Сре, 12.06.2019 - 11:58
На ден 12 Јуни 2019 година Директорот  на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на Конференцијата организирана од страна на Јавното обвинителство  на Република Северна Македонија во соработка со Проектот на ЕУ ИПА/2017- Борба против тешкиот криминал во Западен Балкан, на тема „Заедничката соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“.