Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал

Сре, 12.06.2019 - 11:58
Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал

На ден 12 Јуни 2019 година Директорот  на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на Конференцијата организирана од страна на Јавното обвинителство  на Република Северна Македонија во соработка со Проектот на ЕУ ИПА/2017- Борба против тешкиот криминал во Западен Балкан, на тема „Заедничката соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“.

Конференцијата е резултат на продлабочената билатерална соработка која Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја остварува со Националниот директорат за гонење на мафија и на тероризам на Република Италија и Италијанската национална полиција.

На Конференцијата присуствуваа Националниот обвинител на Националниот директорат за гонење на мафија и на тероризам на Република Италија Федерико Кафиеро и Директорот на италијанската национална полиција Префект Франко Габриели, како и претставници на други институции од Република Северна Македонија.