Соопштение за јавноста

Сре, 26.06.2019 - 08:30
Соопштение за јавноста

Денес 26.06.2019 година во просториите на Управата за финансиска полиција се одржа средба помеѓу директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, преставник на месната заедница на село Љуботен и дел од жителите на селото.  Искрено жалиме што жителите на с.Љуботен, с. Сингелиќ , с.Визбегово и  с.Арачиново беа вознемирени од вчерашната акција, но истата беше неопходна поради прибирање на доказен материјал, а се со цел спречување на увоз, производство и трговија со нелегални добра од страна на одредени правни и физички лица, бидејќи станува збор за увоз и производство на недозволена сорта на тутун во Република Северна Македонија и нелегална трговија со истата.

Имено по претходно спроведени контроли и истражни дејствија од наша страна беше утврдено дека група на правни и физички лица од Република Северна Македонија вршат увоз на оваа недозволена сорта непреработен тутун во лист, при што непреработениот тутун се носи на повеќе локации на територијата на Република Северна Македонија, каде се манипулира локалното население и воедно на истите локации постојат машини со кои се сече, реже или на друг начин преработува тутунот кој се пакува во амбалажа од 300, 500, 800 или 1000 грама, а некои од нив се обележани со натпис на познатите брендови и на тој начин станува акцизно добро.  
Така добиениетиот готов производ, кој воедно претставува и опасност по здравјето на граѓаните, без акцизна бандерола нелегално се продава на пазарот во Република Северна Македонија, спротивно на законските обврски, односно се избегнува плаќање на акциза, со што во текот на 2018 и 2019 година Буџетот на Република Северна Македонија е оштетен за 7,5 милиони евра.

Ние ја почитуваме макотрпната и чесна работа на жителите-одгледувачи на тутун во овие места, кои претежно се занимаваат со одгледување и производство на домашен тутун и чиј главен приход доаѓа од оваа дејност и поради тоа жалиме за непријатноста и загрозеноста кои тие ја почувствувале при вчерашната акција, но мораме да истакнаме дека истата беше неопходна со цел прибирање на доказен материјал во предистражната постапка која се води под наредба на Јавното обвинителство, а се однесува на правни лица- увозници на недозволена сорта необработен тутун и физички лица-преработувачи и препродавачи на тутун, кој тутун од сортата Вирџинија е недозволен да се купува, реже и продава на територијата на Република Северна Македонија.

Мораме да напоменеме дека акцијата беше наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволена сорта на тутун од типот Вирџинија која во себе содржи енормно високо ниво на катран и пестициди и истиот е штетен по здравјето на луѓето. Целта на акцијата не беше да се конфискува тутун произведен од локалното население, туку нелегално увезениот и штетен тутун по животите на нашите граѓани. Првичните иформации говорат дека над 90% од запленетиот тутун потекнува од нелегалниот увоз и од штетната сорта
Вирџинија. 

Вчерашната акцијата беше спроведена со асистенција од колегите од Министерството за внатрешни работи кои воедно се грижеа за безбедноста на сите оние кои беа присутни, како на службените лица, така и на граѓаните-жители на овие места. 

Продолжуваме да работиме транспарентно и во интерес на граѓаните. 

Со почит,

Директор

Арафат Муареми

Категорија