Работна средба на Директорот на Управата за финансиска полиција со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски

Сре, 12.04.2023 - 14:44
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство

На ден 12.04.2023 година, Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

На средбата се разговараше за актуелни прашања во надлежност на институциите, при што беше искажана подготвеност од двете страни за натамошно продлабочување на досегашната одлична соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во насока на откривање и спречување казниви дела согласно позитивните законски прописи, двајцата соговорници се сложија дека ваквите работни средби се од исклучителна важност и истите во иднина ќе се интензивираат.

Галерија