Работна средба за координација на активностите помеѓу Управата за финансиска полиција и јавните обвинителства

Пет, 21.07.2023 - 17:09
Работна средба за координација на активностите помеѓу Управата за финансиска полиција и јавните обвинителства

Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов, оствари работна средба со Јавниот обвинител на  Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, заменикот на основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов, како и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски.

Предмет на дискусија на оваа средба беше важноста на соработката и координација помеѓу Управата за финансиска полиција и надлежните обвинителства, со особен акцент на обезбедување ефикасен кривичен прогон. Соговорниците заеднички ја истакнаа потребата од интензивна соработка, притоа заложувајќи се во иднина да се вложат уште поголеми напори и да се покаже зголемување на ефикасноста во откривање на незаконски стекнат имот и имотна корист од кривични дела, што ќе се резултираат со конфискација на противправно стекнатата имотна корист во судска постапка.

Директорот Иванов на оваа средба ги потенцираше предизвиците со кои се соочува Управата во однос на недоволните кадровски капацитети, како и потребата од усвојување на предлогот за измени и дополнување на Законот за финансиска полиција кој е во собраниска процедура.

 

IMG1