Акција на Финансиска полиција, се приведоа лица кои го оштетиле Фондот за здравствено осигурување

Пет, 29.12.2023 - 11:17
Управа за финансиска полиција панел

На ден 28.12.2023 од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција извршува претреси на повеќе локации во Прилеп и се приведуваат осомничени лица.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Цицач“, за кривични дела против службената положба, јавните финансии, платниот промет и стопанството што ја спроведе Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.