Промовирање на Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот
На ден 21.07.2021 Директорот на Управата за финансиска г-дин Арафат Муареми присуствуваше на промовирањето на Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот, чиј домаќин беше заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, а активно учество земаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и директорката на Управа за јавни приходи Сања Лукаревска.