Соопштение за јавноста
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ “Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, Пријавените во својство на управители во правниот субјект ДТТУ “Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, во текот на 2017 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект “Радика Ресорт“ ДООЕЛ, во својство на инвеститори, без да обезбедат одобрение за градење и да платат давачки-комуналии, противправно започнале и извеле градежни активности – изградба на 9 нови објекти во функција на депанданси на хотел Радика, спротивно на член 57 од Законот за градење.