Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3, Скопје • +389 2 3231 578
Република Северна Македонија
Министерство за финансии

Управа за финансиска полиција

Директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс

Директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс

Директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.
На средбата се разговараше за понатамошно јакнење на капацитетите на Финансиската полиција, унапредување на меѓуинституционалната соработка во спречување и откривање на финансискиот криминал, како и за важноста на финансиските истраги во борба против корупцијата, перењето пари и организираниот криминал.
Воедно, се истакна важноста од континуирана размена на искуства, знаења и добри практики, како и од поддршката во развој на современи истражни капацитети и механизми за следење на финансинсиските текови.
Во рамки на разговорите беше потврдена заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката и зајакнување на владеењето на правото и институционалната ефикасност.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email