Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3, Скопје • +389 2 3231 578
Република Северна Македонија
Министерство за финансии

Управа за финансиска полиција

Директорот Ивановски го потпиша Меморандумот за соработка и воспоставување на дигиталниот систем LERMS

Директорот Ивановски го потпиша Меморандумот за соработка и воспоставување на дигиталниот систем LERMS

Денес, на завршниот настан и церемонијалното потпишување на Меморандумот за соработка, се заокружи двегодишниот процес на работа на “LERMS- Establishment of Law Enforcement Record, Data and Case Management System” проектот, поддржан од страна на Европската Унија.

Шест безбедносни институции. Заедничка дата база на податоци. И јасна проекција за борбата против организираниот криминал и корупција.

Клучни за процесот се меѓусебната соработка, размената на податоци и зајакнување на капацитетите на сите релевантни институции. Преку воспоставување на дигиталниот систем LERMS, се предвидуваат побрзи и поефикасни истраги и транспарентно постапување во секој поединечен предмет. Идејата е преку оваа т.н. платформа, да се води дигитален запис за истрагата уште од самото поднесување на кривичните пријави до надлежните обвинителства, да се споделуваат точни и навремени статистички податоци за операциите, со што би се зголемил увидот во моменталниот статус, прогресот и конечната судска завршница на предметите поврзани со организираниот криминал.

Реалната примена на проектот од страна на институциите-потписници на овој Меморандум, претставува составен дел од безбедносната култура и подразбира континуирана одговорност на сите поединци кои во одредена фаза од постапката, работат на некој предмет.

Добрите практики на работењето на Управата за финансиска полиција, при менаџирање со сите релевантни податоци, и натаму остануваат исклучително важен стратегиски ресурс во заедничките предизвици за справување на организираниот криминал и корупција.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email