Одржана прес-конференција за резултатите и поднесени кривични пријави на Управата за финансиска полиција

Пет, 21.06.2019 - 17:15
Одржана прес-конференција за резултатите и поднесени кривични пријави на Управата за финансиска полиција

На ден 21.06.2019 година, Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми одржа прес-конференција на која беа презентирани резултатите од работата на Управата за периодот од 01.01.2019 до 20.06.2019 година. На прес-конференцијата беа презентирани и три кривични пријави поднесени до Основното јавно обвинителство и Јавното обивнителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Управата за финансиска полиција заклучно со 20 Jуни 2019 година, до надлежните Јавни обвинителства во Република Северна Македонија поднесе вкупно 28 кривични пријави против 51 физичко лице како одговорни лица во правните субјекти и против 28 правни субјекти, за сторени  48 кривични дела,  со кои е причинета штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 8.367.281.050,00 денари.

 

СООПШТЕНИЈА