Соопштенија
Поднесена кривична пријава против едно физичко лице и три службени лица
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на Претседател на Управен одбор на правен субјект за сторено кривично дело Измама по член 247 став 4 од К.З. на РСМ и три службени лица за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 3 од К.З на Република Северна Македонија.
Работна средба за координација на активностите помеѓу Управата за финансиска полиција и јавните обвинителства
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов, оствари работна средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, заменикот на основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов, како и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски.