Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми од 4 до 7 Јуни 2019 година престојуваше во работна посета на Република Словенија. Целта на посетата беше да се добие увид во функционирањето на словенечкиот систем за финансиски истраги особено во однос на успешната конфискација на имотот стекнат на нелегален начин.
Поднесена кривична пријава против М.Т и О.С.М управители на фирмите ПРОТОТИП и ФЕРО ЦЕНТАР
Поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување-член 279 и Фалсификување или уништување на деловни книги-член 280 од КЗ против М.Т во својство на
сопственик и управител на Друштвото за градежништво и трговија на големо и мало ПРОТОТИП дооел и О.С.М во својство на сопственик и управител на Друштвото за градежништво и трговија на големо и мало ФЕРО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје...
Работна средба помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми
На ден 04.01.2019 година во просториите на Управата за финансиска полиција се одржа работна средба помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Управата Арафат Муареми.На работната средба се дискутираше за постигнатите резултати на Управата во 2018 година и планираните активности за 2019 година.
Извештај за работата на Управата за финансиска полиција за 2018 година
Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција во поглед на реализираните мерки и активности во текот 2018 година до надлежните Јавни обвинителства поднесе 74 кривични пријави против 68 правни лица и 163 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 3.018.354.504 денари или 48.919.846 ЕУР.