Drejtor

si

Drejtor - Slobodan Ivanovski

Слободан Ивановски

Функција: в.д. директор

Институција: Управа за финансиска полиција

Е-пошта: [email protected] 

Фејсбук страница: https://www.facebook.com/IvanovskiSlobodan

Инстаграм профил: https://www.instagram.com/ivanovski_slobodan

Биографија:

Слободан Ивановски е магистер по правни науки со положен правосуден испит. Роден е 10.10.1986 година.

Ивановски високото образование го завршил на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Подоцна, тој го продолжил своето образование на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде се стекнал со титулата магистер по правни науки со положен правосуден испит.

Има долгогодишно работно искуство во областа на даночната политика и локалната самоуправа.


Во периодот од 2011 – 2017 година, работел на неколку позиции во РД УЈП – Кавадарци, а на местото в.д. директор на Управата за финансиска полиција, доаѓа од РД УЈП – Прилеп, од позиција Претседател на комисија за прекршоци.

Ивановски извршувал и неколку функции на локално ниво, во Општина Кавадарци.

Два мандата (2009 – 2017) бил член на Советот на Општина Кавадарци, а во периодот 2011 – 2017 година ја извршувал функцијата заменик градоначалник на Општина Кавадарци.

Во период 2012 – 2017 година бил претседател на Фондација за социјална, културна и здравствена помош на граѓаните при Општина Кавадарци.

Ивановски активно учествувал на повеќе обуки во организација на Институтот „Павел Шатев“ од областа на локалната самоуправа, бил дел од летната школа во организација на фондација „Jarl Hjalmarson“ во Шведска, како и активен учесник на политичка академија во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“.

Ивановски течно говори англиски јазик.