Средба со Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал и шефот на полицискиот оддел при Мисијата во Скопје, Едвард Андерсон

Чет, 15.05.2025 - 14:24
1_final

Денеска Директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал и шефот на полицискиот оддел при Мисијата во Скопје, Едвард Андерсон. На средбата Ивановски изрази искрено задоволство и благодарност за досегашната динамична и продуктивна соработка со ОБСЕ.

Поддршката на ОБСЕ е од особено значење  како во делот на размена на искуства, така и во добивањето експертиза за прашања што се во надлежност на Управата за финансиска полиција. Ваквата соработка претставува пример за тоа како меѓународните партнери можат да помогнат во јакнење на владеењето на правото и борбата против финансискиот криминал.

Амбасадорот Вал ја истакна подготвеноста за понатамошно продлабочување на оваа соработка и понуди поддршка во справувањето со идните предизвици. Заеднички се споделува визијата за институции кои ќе работат професионално, ефикасно и во интерес на граѓаните со уверување  дека оваа поддршка ќе продолжи и понатаму, со уште поголем интензитет.

Галерија