Заменик директор

 

Заменик Директор

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Илбер Имери

Функција: в.д.  заменик директор

Институција: Управа за финансиска полиција

Е-пошта: [email protected]

Фејсбук страница:

Инстаграм профил:

 Образование и Работно искуство

Илбер Имери е дипломиран на факултет по Бизнис Администрација и е во тек на последипломски студии на факултет по  Бизнис и Економија при Универзитет на Југоисточна Европа.

Илбер Имери  има долгогодишно работно искуство во областа на финансиите односно во  банкарскиот систем на Република Северна Македонија.

Од 2006 до 2017 година бил вработен во микрофинансиската институција Штедилница МОЖНОСТИ каде последните  пет години бил раководител на експозитура.

Од 2017 до 2021 година своето работно искуство го продолжил како Генерален менаџер во дел од групацијата Ренова.

Од 2022 година бил Менаџер на финансии во градежни и архитектонски фирми.

Имери активно учествувал на  обуки во организација на Институтот CEED MACEDONIA  и TRIPLE LEARNING   и е сертифициран за „Средно управување (Middle management)и  многу други сертификати во областа на управувањето, напредувањето и градењето на тим, лојалноста на потрошувачите, услуги на клиенти, продажба и друго.

Од долгогодишното работно искуство  Имери се покажа како успешен   во повеќе области и тоа:Стратешко планирање на организацијата; Управување со вработени, менаџерски способности, раководење и слично; Регрутација и екипирање на вработени, Односи со вработени, решавање на проблеми и конфликти; Соработка и постојана комуникација со физички лица и правни лица во различни нивоа на раководење и др.

Илбер Имери  течно говори македонски и  англиски јазик.