Соработка

Меѓународна Соработка

Управата за финансиска полиција соработува и разменува информации со странски полициски и државни органи, организации од други држави и меѓународни организации во областа на финансиски криминал врз основа на билатерални договори и ратификувани меѓународни договори за работите од нејзината надлежност.

 

Интерпол

Управата за финансиска полиција врз основа на Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи соработува со Националното биро на Интерпол – Скопје.

 

Европол

Упрaвата за финансиска полиција како орган на кривичен прогон е надлежен орган согласно Анекс-три од Договорот за оперативна и стратешка соработка на Република Македонија и Европол.

 

ОЛАФ

Упрaвата за финансиска полиција е национална контакт точка со Европската агенција за борба против измами.

 

 

Меѓуинституционална соработка

Упрaвата за финансиска полиција во извршување на работите од својата надлежност соработува со Јавното обвинителство на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за финансиско разузнавање, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Државниот девизен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и други инспекциски и државни органи и притоа ги има склучено долунаведените Меморандуми за соработка:

 

Соработка - Меморандуми - Протоколи <превземи>

 

  • Меморандум за соработка помеѓу Јавното обвинителство на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа на Република Македонијаи и Управата за спречување перење пари во областа на размена на информации во борбата против организираниот криминал
  • Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи , Царинската управа на Република Македонија и Народната банка на Република Македонија во областа на сузбивањето на фалсификувањето пари
  • Спогодба за соработка помеѓу Ревизорското тело за ревизија на инструментот за предпристапна помош и Управата за финансиска полиција во рамките на спроведување на програмите за предпристапна помош на Европската унија
  • Меморандум за соработка помеѓу Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија, Управата за јавни приходи во областа на заштита на имотот на Фондот во трговските друштва во кои тој се јавува како имател на акции и удели
  • Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за финансиска полиција во областа на пристап и користење на податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем
  • Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за разузнавање на Република Македонија и Управата за финансиска полиција во областа на размена на информации кои се од значење за економските, финансиските и безбедносните интереси на Република Македонија
  • Меморандум за соработка помеѓу Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција во областа на електронска размена на информации
  • Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот "СВ.Климент Охридски" - Битола, Факултет за безбедност и Управата за финансиска полиција во областа на организирање на заеднички обуки.
  • Меморандум за соработка помеѓу Јавното обвинителство на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа на Република Македонија и Министерството за правда на Република Македонија во областа на размена на информации преку Единицата за меѓународна координација на органите за спроведување на закон.(ILEKUS).