Одбележан Денот на Управата за финансиска полиција – 22 години во служба на правдата
Со свечен настан што се одржа во Клубот на пратеници, Управата за финансиска полиција на пригоден начин ја одбележа 22-годишнината од своето постоење. На свеченоста по повод Денот на Управата – 26 јуни, присуствуваа голем број високи претставници од државните институции, меѓу кои и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, како и претставници на правосудните органи, министерства, надлежни инспекциски тела, академската и бизнис заедницата, меѓународни партнери, медиуми и долгогодишни соработници на Управата.