Соопштенија

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и Комисијата за заштита на конкуренција

Пон, 24.02.2025 - 15:38
Директорот Слободан Ивановски и претседателката Малинка Сиљаноска Николиќ потпишаа меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и Комисијата за заштита на конкуренцијата .Со потпишувањето на овој меморандум ќе се создадат услови за зголемување на ефикасноста во остварувањето на надлежностите на двете институции. Оваа соработка значително ќе придонесе за спречување на нарушување на конкуренцијата и наметнување на нефер трговски практики кои отстапуваат од доброто трговско однесување во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи. Посветено ќе се продолжи со остварување на приоритетите, соработката со институциите и заемно помагање во ефикасното остварување на надлежностите.

Кривична пријава против едно физичко лице во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.С. Македонија

Сре, 19.02.2025 - 12:30
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П. Б.  во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.С. Македонија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот Законик.

Поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластувања и несовесно работење во службата

Чет, 13.02.2025 - 13:29
Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М во својство на директор на АД ЕСМ, во државна сопственост Скопје-Подружница РЕК Битола-Новаци, Д.П во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Б.Ѓ. во својство на службено лице  во АД ЕСМ- подружница РЕК-Битола, Т.А во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, С.М. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, А.К. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Љ.С. во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело  ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ  по член 353 став 1 од КЗ. Како и против А.М.С во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки, А.У  во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки и Д.Ј. во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член  353-в  став 4 од КЗ.

Работен состанок со експертите за безбедност при Италијанската финансиска полиција

Сре, 12.02.2025 - 13:16
Директорот Слободан Ивановски оствари работен состанок со експертите за безбедност, Г-дин Фабио Серагуса експерт на Италијанска финансиска полиција со седиште во Белград и Г-дин Масимо Пани експерт по безбедност при италијанската амбасада во  Скопје. На состанокот беа дискутирани теми од заеднички интерес, со посебен акцент на потребата од продлабочување на заедничката соработка во делот на сузбивање на економскиот и финансискиот криминал, кој предизвикува штета на Буџетот на двете земји, како и на Буџетот на Европската заедница.

Поднесена кривична пријава против поранешен директор на СОЗР и уште едно физичко лице

Сре, 05.02.2025 - 14:02
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, за сторени кривични дела ПРИМАЊЕ ПОТКУП по член 357 став 1 и став 3 од КЗ на РМ, ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА по член 361 став 1 од КЗ на РМ, ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА по член 354 став 1 од КЗ на РМ и НЕСОВЕСНО РAБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член 353-в став 2 од КЗ на РМ и едно физичко лице во својство на сопственик и управител на правен субјект од Скопје за сторено кривично дело ДАВАЊЕ ПОТКУП по член 358 став 1 од КЗ на РМ.