Соопштенија
Работен состанок со претставници на Британската управа за јавни приходи и царина (HMRC)
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работен состанок со претставници на Британската управа за јавни приходи и царина (HMRC)
На состанокот беа согледани активностите и придобивките од досегашната соработка која е на исклучително ниво.
Од страна на Директорот, Иванов на високите претставници им беше упатена благодарност за подршката која несебично ја пружаат преку техничка и стручна помош, за склучениот меморандум за соработка како и за вклучување на Управата за финансиска полиција во програмите со обуки на теми кои се од делокругот на работењето .
Поднесена кривична пријава против три физички и едно правно лице
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела “Измама” по чл. 247 и “Фалсификување исправа” по чл. 378 од Кривичниот Законик, за сторена штета во вкупен износ од 214.411.861 денари.
Работна средба со претставници на Управа за јавни приходи и Царина на Обединетото Кралство за Косово и Северна Македонија
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со Г-дин Сајмон Вудкок, досегашен претставник на Управа за јавни приходи и Царина на Обединетото Кралство за Косово и Северна Македонија и ново назначениот претставник, Г-дин Давид Мартин.
Директорот Иванов покрај другото му се заблагодари на Господин Вудког, за силната и принципиелна поддршка, личен ангажман и искрената заложба за унапредување на капацитетите на Управата за финансиска полиција и му посака пред се добро здравје, и успех во понатамошните ангажмани порачувајки му дека останува верен пријател и поддржувач и во секое време добредојден во Управата за финансиска полиција.