Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работен состанок со претставници на Британската управа за јавни приходи и царина (HMRC)
На состанокот беа согледани активностите и придобивките од досегашната соработка која е на исклучително ниво.
Од страна на Директорот, Иванов на високите претставници им беше упатена благодарност за подршката која несебично ја пружаат преку техничка и стручна помош, за склучениот меморандум за соработка како и за вклучување на Управата за финансиска полиција во програмите со обуки на теми кои се од делокругот на работењето .
Соработката и поддршката од ваков тип придонесуваат за зајакнување на капацитетите на Управата за финансиска полиција и ја зголемуваат ефикасноста во борбата со организираниот криминал-рече Иванов
Претставниците го истакнаа убедувањето дека ќе продолжат да дејствуваат во насока на поддршка на напорите на Управата за финансиска полиција за уште поголемо интегрирање во рангот на современите европски институции.
Соговорниците се согласија дека интензивната соработка ќе продолжи и во иднина .