
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски беше дел дел од делегацијата предводена од министерката за финансии, г-ѓа Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на тридневната работна посета на Република Турција.
Беа остварени значајни средби со министрите за финансии и за трговија на Турција, како и со директорите на институциите во состав на двете министерства. Овие разговори претставуваат важен чекор за Управата за финансиска полиција, бидејќи отвораат можности за размена на искуства, продлабочување на институционалната соработка и воспоставување ефикасна оперативна комуникација со турските колеги.
Во рамки на посетата Управата за финансиска полиција претставувана од Директорот Ивановски зема учество на 28-от Евроазиски економски самит, кој годинава беше посветен на темата „Похуман свет“, а на самитот беа отворени клучни прашања поврзани со економскиот развој, енергетиката, напредните технологии и унапредувањето на меѓународната соработка.
За Управата за финансиска полиција, ваквите настани претставуваат можност за зајакнување на меѓународната координација и размена на искуства во борбата против финансискиот криминал, со цел градење потранспарентен и поправеден економски систем.
Учеството на вакви глобални форуми е важен чекор во напорите да се изградат силни партнерства и да се применат најдобрите светски практики во нашата борба против финансиските злоупотреби. Самитот потврдува дека заедничките напори на земјите и институциите се клучни за постигнување на стабилност и одржлив економски раст.