Средба со амбасадорот на Република Туркије, Н.Е Фатих Улусој

Вто, 27.05.2025 - 15:11
1_a

Директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со амбасадорот на Република Туркије во Скопје, Фатих Улусој, на која се разговараше за унапредување на соработката во борбата против финансискиот криминал.

Беа разменети мислења и искуства за предизвиците како и за можностите за заеднички активности и меѓуинституционална поддршка. Директорот Ивановски му се заблагодари на амбасадорот Улусој за пријателскиот пристап и изразената подготвеност за поддршка. 

Ваквите средби се од големо значење за градење на стабилни партнерства и зајакнување на регионалната и меѓународната соработка во справувањето со финансискиот криминал.

Галерија