Реализирана посета на студенти на Универзитетот нa Југоисточна Европа во Управа за финансиска полиција

Сре, 22.05.2024 - 18:01
1

Денес  во рамки на предметните  содржини , кои ги изучуваат студентите на Правниот факултет-програма за безбедност и криминалистика, при Универзитетот нa Југоисточна Европа,  со предметниот  професор Муазам Халили реализираа посета на Управата за финансиска полиција. 

На почетокот на средбата свое обраќање пред студентите имаше Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов. Тој им порача на студентите дека одлуката да запишат и да ги завршат студиите  е важна бидејќи не постои поисплатлив животен проект од вложување во знаење. Со завршување на студиите  ќе имаат  можност да одлучат  која институција да ја одберат и каде ќе ја градат својата  кариера. Можеби токму Управата за финансиска полиција ќе биде нивниот   предизвик. Тој истакна дека Управата за финансиска полиција е составен дел на Правосудната полиција како орган за кривичен прогон на сторители на кривични дела од областа на организираниот финансиски криминал и кривични дела кои што се гонат по службена должност. Управата за финансиска полиција со својата улога претставува брана за финансискиот криминал во Република Северна  Македонија, а со поактивна борба против финансискиот криминал како и со зголемување на обемот на финансиски истраги односно пронаоѓање, идентификација и привремено одземање на нелегалните приноси стекнати од казниви дела ќе придонесе за нивна понатамошна конфискација од надлежниот Суд .

Од страна на инспектори  искусни професионалци, студентите беа запознаени со организацијата и надлежностите на Управата, законската регулатива по која се постапува, соработка со други институции и друго.

На крај професорот Халили во свое лично име и во име на студентите се заблагодари на гостопримството и на можноста да им биде презентирана работата на Управата за финансиска полиција како и фактот дека после оваа презентација е убеден дека студентите се уште посреќни  што ја одбрале токму оваа област за нивно образување и  учење.

 

Галерија