Работна средба со претставници на Управа за јавни приходи и Царина на Обединетото Кралство за Косово и Северна Македонија

Вто, 23.04.2024 - 14:32
1

Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна  средба со  Г-дин Сајмон Вудкок, досегашен претставник на Управа за јавни приходи и Царина на Обединетото Кралство за Косово и Северна Македонија и ново назначениот претставник, Г-дин  Давид Мартин.

Директорот Иванов  покрај другото му се заблагодари на Господин Вудког, за силната и принципиелна поддршка, личен ангажман и искрената заложба за унапредување на капацитетите на Управата за финансиска полиција и му посака пред се добро здравје, и успех во понатамошните ангажмани порачувајки му дека останува верен пријател и поддржувач и  во секое време добредојден во Управата за финансиска полиција.

Господин Вудкок се заблагодари на гостопримството, за соработката и професионалниот пристап  и истакна дека покрај тоа што заминува со убави спомени, заминува побогат со уште еден голем пријател.

На оваа средба од страна на Господин Вудког беше преставен, Господин  Давид Мартин кој ја презема функцијата, претставник на Управа за јавни приходи и царина на Обединетото Кралство за Косово и Северна Македонија .

Директорот, Горан Иванов му посака топло добредојде на Господин Мартин, да има пријатен престој во Република Северна Македонија, лесно справување со предизвиците и изрази надеж дека  соработката  со Управата за финансиска полиција ќе продолжи и во иднина со ист интензитет.

Галерија