Продлабочувањето на соработката со реномирани меѓународни институции, во сегментот на сродното делување на УФП, е еден од главните приоритети на Управата за финансиска полиција во тековниот период, во константната борба со финансискиот криминал.
На денешната работна средба со претставници од HMRC (His Majesty's Revenue and Customs) - Британската управа за јавни приходи и царина, се разговараше за размена и споделување на искуства, како и модерна и иновативна експертиза, насочени кон значително подобрување на капацитетите на Управата за финансиска полиција.
Со истото целиме кон поефективни оперативни активности во сузбивање на организираниот финансиски криминал на македонска територија.
Иновативните технолошки решенија, како и партнерските соработки, се клучен фактор во подобрување на интеграцијата на Управата за финансиска полиција, кон модернизирана фокална точка во процесот на спречување и справување со кривични дела.