Соопштенија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и Централен депозитар за хартии од вредност

Сре, 18.12.2024 - 17:17
Директорот на Управата за финансиска полиција,Слободан Ивановски и  извршниот директор на Централниот депозитар за хартии од вредност, Даринка Дамјановиќ, , потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Поднесена кривична пријава против П.Б. генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија

Вто, 17.12.2024 - 13:09
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, по член 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Кривична пријава против три физички и две правни лица

Пет, 13.12.2024 - 09:18
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица поради основано сомнение за сторени кривични дела, Даночна измама по член 279-а ст.2 во врска со ст.1, Даночно затајување по член 279 ст.2 во врска со ст.1, Соизвршителство по чл.22 и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ.

Поднесена кривична пријава за поранешен министер за култура

Пет, 13.12.2024 - 09:09
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Х. И. поранешен министер во Министерството за култура , поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.

Панел дискусија на тема ,,Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Република Северна Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги,,

Сре, 30.10.2024 - 14:45
Директорот, Слободан Ивановски, учествуваше на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија на тема „ Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Република Северна Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“. Со оглед на важноста на сегментот од Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност – на патот на нашата земја за полноправно членство во ЕУ, од исклучителна важност е да продолжиме да ги зајакнуваме, унапредуваме и надградуваме нашите капацитети во насока на подобрување на финансиските истраги.